Чаша бело вино во рижото, цела чаша бургундско вино за печење на говедско месо – многу рецепти имаат употреба на алкохол, но експертите предупредуваат дека алкохолот не секогаш испарува.
Алкохолот при готвењето испарува, зарем не?
„За жал не е така едноставно“ – вели Саша Рохн, професор по хемија на универзитетот во Хамбург.
„Теоретски алкохолот испарува на 78.3 степени целзиусови. Но, се поврзува со другите намирници и така останува во јадењето“.
Малку е истражено како некои од состојките во јадењата меѓусебно реагираат и поради тоа не е возможно да се докаже колку јадењата кои се приготвуваат со алкохол имаат процент алкохол во нив.
Истражувањето на универзитетот во Идахо од 1992-та година имало различни резултати во шест тестирани јадења од кои динстаното месо имало 4 отсто алкохол по готвењето.
„Времетраењето на готвењето има голема улога како и температурата и количината на алкохол кое се става во јадењето. Нема цврсто правило по кое може да се пресмета колку алкохол испарува во одредено време“ – вели Рох, додавајќи дека трудниците и малите деца треба да избегнуваат храна која се приготвува со алкохол.
извор:точка.ком.мк