Живот и Стил

Колку време смеете да го чувате месото во замрзнувач?

Колку време смеете да го чувате месото во замрзнувач?

Ако имате на располагање големи количини месо, треба да знаете колку долго може да стои тоа месо во замрзнувачот, за да биде што е можно поздраво кога ќе го јадете.

Идеалната температура на замрзнување е -18°C, бидејќи тоа спречува раст на микроорганизми и ги активира сите микроби, како што се бактериите што нормално се наоѓаат во храната.

Иако експертите велат дека е безбедно да го замрзнете месото во оригиналната амбалажа како што сте го купиле од маркет, за замрзнување повеќе од два месеци тие препорачуваат да го завиткате месото со најлонска фолија или да го чувате во пластична кеса за замрзнување, а вие едноставно можете да го ставите во пластична кеса заедно со оригиналното пакување.

Пилешкото месо во замрзнувач може да се чува до една година. Ако замрзнете парчиња, како што се пилешки гради, копани и крилца, се препорачува да ги користите во следните 10 месеци. Внатрешни органи (дробови, срце) не треба да се чуваат повеќе од три или четири месеци.

Кога станува збор за свежо месо, како говедско, телешко и јагнешко, може да стои во замрзнувач неколку месеци, во зависност од видот на месото.

Свежи шницли може да се чуваат во замрзнувач шест до дванаесет месеци, а кременадли, поради коските, може да стојат малку пократко, од четири до шест месеци. Печено месо може да се чува од четири месеци до една година. Слични правила важат и за свежото свинско како за говедското месо.

Преработеното свинско месо, како што се сланина, колбаси, виршли и шунка, не треба да се чува во замрзнувач повеќе од еден или два месеци. Без оглед на видот на мелено месо, не треба да се чува повеќе од три или четири месеци. Ако некогаш сакате да направите повеќе варено месо за чување во замрзнувачот, запомнете дека вареното месо во замрзнувачот не одржува квалитет и свежина на ист начин како и свежото месо.

Вареното месо и риба може да се чуваат во замрзнувач три до четири месеци, додека другите видови месо, односно нивните остатоци, не треба да се чуваат повеќе од два или три месеци.

Рибите и морските плодови се малку комплицирани кога станува збор за правилата за замрзнување.

Немасната риба, како што е туната, може да стои во замрзнувач шест до осум месеци, додека масната риба, како скуша и сардина, може да стои многу пократко, од два до три месеци. Другите свежи морски плодови, како што се ракчиња, лигњи и ракови, траат три до шест месеци во замрзнувач.

Извор: Кајгана