Љубов и Секс

Колку треба да трае предиграта за целосно сексуално уживање?

Колку треба да трае предиграта за целосно сексуално уживање?

Повеќе истражувања покажаа дека во просек сексуалниот однос трае меѓу 5 и 9 минути, но во ова време не е вклучена предиграта која е клучна за целосно сексуално уживање и кај двајцата партнери.

Сепак, експертите потенцираат дека паровите треба што подолго време да посветат на предиграта, особено затоа што жените најчесто тогаш достигнуваат оргазам. Разменувањето нежности со саканата личност не треба да се сведува само на механичко дејство и акција на брзина. Треба да се посвети квалитетно време.

Истражување објавено во Журнал откри дека жените сакаат предигра која ќе трае меѓу 11 до 13 минути, а потоа 14 до 16 минути сексуален однос од моментот на пенетрација.

Тоа би значело дека вкупно сексот со предигра треба да трае барем околу половина час.

„Секогаш истакнуваме дека паровите треба да уживаат во што подолга предигра пред самиот чин на секс. Колку подолга предигра, толку поголема возбудата ќе биде и полесно ќе доживеете оргазам“, советува сексуалниот и брачен експерт Јан Кернер.

Извор: Кајгана.мк

To top