Љубов и Секс

Колку точно калории согорува еден интимен однос?

Колку точно калории согорува еден интимен однос?

Ако мислевте вежбањето да го замените со секс и така да ги трошите калориите, тоа е лоша идеја.

Една неодамнешна студија докажа дека сексот всушност не согорува толку многу калории. Студијата е објавена во New England Journal of Medicine.

Резултатите откриваат дека една личност од 70 килограми во текот на сексуалниот чин просечно согорува само 21 калорија или 3,5 калории по минута во зависност од времетраењето. Но, дури и трошењето на 21 калории зависи од две работи – интензитетот и времетраењето на сексот.

И самата предигра придонесува за согорување на калории. Доколку сакате да го засилите трошењето калории во текот на сексот треба да ги менувате позите ставајќи акцент на оние кои бараат стоечка положба, како и забрзување на темпото. Сепак тоа што е важно е дека за време на сексот воопшто не треба да се мисли на трошењето калории, туку на задоволството.

 

„Вежбањето и одржувањето на кондиција на крај ќе резултираат со подобра издржливост во креветот“, вели тренерот Брајан Крејн за Details.

Извор: Попара.мк