Луѓето играат психолошки игри, често несвесно. Има луѓе на кои врските едноставно им се случуваат. Без размислување.
Колку пати во животот сте слушнале дека некој има свој „тип на личност во кој се заљубува“?
Постои нешто што се нарекува психолошка животна скрипта врз основа на која ги избираме сите луѓе што ги „вметнуваме“ во нашите животи, но за тоа ќе пишуваме друг пат.
Ако на некој му се допаѓате кога сте ладни, тој покажува мазохистички тенденции. Тој се самоповредува. Не е природно да сакаш некој што е ладен. Љубовта – без разлика дали ја толкуваме како емоција или врска – треба да биде возвратна и взаемна.
Во секој друг случај, под превезот на љубовта се крие нешто сосема друго, а тоа другото воопшто не е убаво или здраво.
Од друга страна, ако сте ладни кон некој што го сакате, треба да ги преиспитате своите емоции и да проверите на што и на кого сте лути, како и да сфатите дека екстремниот студ може да предизвика дури и изгореници.
Извор: Попара