Спротивно на конвенционалната мудрост, научниците од Универзитетот во Торонто тврдат дека кога станува збор за секс во врската, „повеќе“ не значи и „подобро“.
Врз основа на податоците за 25.510 Американци на возраст од 18 до 89 години, откриено е дека сексот еднаш неделно е доволен за одржување на среќата во врската.
Истражувачот, Ејми Мус, објаснува дека постои верување дека повеќе секс значи повеќе среќа во врската, но тоа не е така. Таа верува дека паровите често чувствуваат притисок да бидат интимни секогаш кога е можно, но сексот еднаш неделно можеби е пореална цел.
Научниците, исто така, откриле дека сексот еднаш неделно е доволен за одржување на интимноста и длабоката поврзаност меѓу партнерите.