Колку трае идеалниот просечен сексуален однос? Пократко отколку што можеби многумина мислеле…
Истражувањата сугерираат дека оптималното времетраење на пенетрацијата е меѓу 6 и 13 минути.
Многу од младите мажи, како што открил д-р Порин Макариќ, специјалист за психијатрија и советник за семејно сексуално здравје, често имаат нереални очекувања за траењето на сексуалниот чин.
„Порнографските содржини кои се широко достапни на интернет често ги покажуваат сексуалните односи кои траат исклучително долго, неретко и со часови“, вели тој.
Искривена перцепција
Таквите прикази, според д-р Макариќ, младите мажи ги доживуваат како стандард, а секое отстапување од тој идеал го толкуваат како неуспех.
„Младите мажи претежно имаат искривена перцепција за самиот секс. Тоа е темелено на порнографија, достапните материјали каде тие мислат дека сексот треба да трае одредено време, а доколку трае пократко тоа автоматски не им се допаѓа. 6 до 13 минути е оптималното траење на пенетративниот сексуален однос. А, тоа што луѓето го гледаат во порно филмовите трае по 1 час, а и воопшто не е реално. Кога ќе сфатиме што е нормално, а што не, ќе ни биде полесно“, вели тој.
извор:точка.ком.мк