Кога се допишувате со потенцијалниот партнер преку пораки, може да ви се случи да поминете неверојатно многу време обидувајќи се да ја смислите совршената порака. А во суштина решението било навистина едноставно.
Според истражувањето во коешто учествувале повеќе од 5.600 самци, клучната работа која морате да ја напишете ако сакате малку љубов не е збор, туку смајли!
Истражувањето покажало дека самците кои користат смајлиња во пораките, почесто имаат секс од оние кои не ставаат смајлиња. Кој би рекол? Според истражувањето, најпопуларното смајли е она коешто намигнува, потоа она коешто се срами, а трето е она коешто праќа бакнеж.
Најнепопуларни смајлиња се оние на кои жената замавнува со косата, црвените усни и мајмунот кој ги покрива очите. Тоа не значи дека овие знакови ќе се испречат помеѓу вас и креветот на личноста којашто ви се допаѓа, но бидете внимателни.
Интересен е фактот дека жените почесто ги користат смајлињата коишто праќаат бакнеж и срце, додека пак мажите најчесто ги праќаат смајлињата коишто се срамат.
извор: курир.мк