Љубов и Секс

Која е најголемата грешка во сексот?

Која е најголемата грешка во сексот?

Која е најголемата грешка во сексот, што сите ја правиме? Голем број жени се жалат дека мажите често се потпираат на техниката научена од филмовите за возрасни, која е нереална, или применуваат некои потези што им се допаѓале на нивните претходни партнерки. Мажите пак сметаат дека жените не преземаат иницијатива.

Кога некој ќе спомне грешка во секскот, мислите обично летаат на погрешни пози или на лоша техника. Меѓутоа едно нешто е многу поважно од тоа, затоа што без него многу тешко ќе го постигнете оргазам, а тоа е комуникација.

Недостатокот на комуникација за време на сексот е најголемиот проблем што подеднакво ги мачи и мажите и жените.

Експертите тврдат дека сите правиме една голема грешка, премногу малку ги наслушнуваме нашите партнери, односно не обрнуваме внимание на нивните желби и ги игнорираме нивните реакции.

За време на истражувањата спроведени на оваа тема, голем број жени се пожалиле дека мажите често се потпираат на техниките научени од филмовите за возрасни, што се нереални или применуваат некои потези што им се допаѓале на нивните претходни партнерки.

Тие не земаат во предвид дека сегашната партнерка најверојатно преферира нешто поинакво.

Од друга страна, на мажите воглавно им смета тоа што жените често се пасивни, не превземаат иницијатива и не ја придвижуваат акцијата во толкава мерка колку што би сакале тие.

Заедничкиот назив за сите овие проблеми е токму недостатокот на комуникација за време на сексот. Иако сме склони да мислиме дека во интимните мигови нема место за премногу разговор, сексуалните терапевти не се сложуваат со тоа. Тие се залагаат за јасно и гласно изразување на сексуалните желби, затоа што само таквата отворена комуникација води до максимално задоволство и од двете страни.

Затоа, заборавете на срамот и немојте да ги криете вашите желби, затоа што на тој начин прво ќе се задоволите себе си, а на крајот ќе го усреќите и вашиот партнер, кој и онака сака да биде извор на вашето задоволство.

На истиот начин и вие се поставувате кон него и уживате во здравиот сексуален живот што ќе ве исполни и двајцата.

извор:нетпрес.ком.мк

To top