Љубов и Секс

Кој хороскопски знак е сродна душа на вашиот?

Кој хороскопски знак е сродна душа на вашиот?

Оние кои веруваат во хороскоп велат дека секој хороскопски знак има свој совршен партнер.

Без разлика дали се работи за нивниот поглед на светот, љубовта или работата – овие хороскопски знаци совршено се надополнуваат еден со друг. Проверете кој знак е сродна душа на вашиот.

Овен

Овенот одлично се согласува со Девицата. Таа е разумна и внимателна, сигурна и грижлива – што му угодува на спонтаниот, динамичен и понекогаш несовесен Овен.

Бик

Биковите копнеат за Водолиите. Водолијата е полна со енергија, таа е темпераментна, што го воодушевува Бикот кој има по малку летаргична природа. Се радува и знае да го живее животот, но понекогаш е флегматичен и бавен.Тогаш на сцена стапува Водолијата која го придвижува и го прави среќен.

Близнаци

Близнаците не можат да го замислат животот без Бикот. Бикот е многу трпелив со луѓето. Покрај тоа, тој е исто така многу срдечен и издржлив. Значи, совршени карактеристики за надополнување на енергичните Близнаци.

Рак

Ако постои знак без кој Ракот не може, тогаш тоа е Скорпијата. Таа е храбра, решителна и бестрашна. Исто така е страстна и верна. Токму тоа му треба на чувствителниот и воздржан Рак.

Лав

За да му биде исполнет животот, на Лавот му е потребна Водолија. Нему му треба не само како партнер, семејство, туку и како пријател. Лавот ужива во независноста, решителноста, идеализмот и енергијата на Водолијата. Самоуверените и спонтани Лавови имаат желба покрај себе да имаат личност што ја красат овие доблести.

Девица

Стрелец – со својот хумор, опуштеност и предвидливост – понекогаш е совршен придружник во животот на перфекционистичка Девица.

Вага

На луѓето родени во знакот Вага им се потребни Риби во животот, бидејќи тие се сочувствителни, имагинативни и интуитивни. Токму тоа ѝ треба на емотивната Вага, која се стреми кон рамнотежа.

Скорпија

На Скорпијата ѝ е многу тешко без Вага. Таа е чувствителна, дипломатска и има ефект на балансирање на луѓето. Скорпијата, од друга страна, често е многу инстинктивна, строга и предизвикувачка – па овие знаци прават совршен дует во пријателството, на работа и во семејството.

Стрелец

На Стрелецот му треба еден Лав во животот. Тој е грижлив, одговорен и шармантен, но и методичен, објективен и совесен. Ова е добар контраст за авантуристичкиот, но понекогаш лековерен Стрелец.

Јарец

Животот на Јарецот може совршено да го заокружи некој роден во знакот Близнаци. Имено, Близнаците се љубопитни, социјални, живи и сложени. Ова го импресионира совесниот, често воздржан и донекаде тром Јарец.

Водолија

Водолиите имаат потреба од Рак во животот. Ракот е чувствителен, има смисла за хумор и е многу имагинативен. Тој е и многу грижлив тип. Ова ги привлекува Водолиите, кои понекогаш знаат да бидат многу импулсивни и агресивни, нервозни и ексцентрични.

Риби

Животот на Рибите е речиси незамислив без Јарец. Јарецот е објективен, концентриран и многу сигурен. Освен тоа, тој е верно суштество. Токму тоа им треба на емотивните, а понекогаш и пречувствителни Риби.

Извор: кајгана

To top