Последното американско истражување подразбирало општа цосијална анкета која за првпат вклучила низа од прашања за сопствениците на домашни миленичиња. Анкетата освен што открила дека шест од речиси десет домаќинства имаат домашен миленик, открива и кои сопственици се посреќни.
Имено, сопствениците на куче се двапати посреќни од сопствениците на мачки, додека луѓето кои немаат домнашен миленик се наоѓаат на второ место. Со други зборови, луѓето кои имаат куче се нешто посреќни од луѓето кои немаат домашен миленик, но се двапати посреќни од оние кои имаат мачка.
Резултатите од анкетата откриваат и тоа дека сопствениците на куче се склони кон брачни заедници и купување на заеднички дом, за разлика од сопствениците на мачки, а овие два фактора влијаат врз среќата и задоволството во животот.
Општата социјална анкета исто така поставувала прашања и за тоа како луѓето комуницираат со своите домашни миленичиња, а одговорите исто така можат да објаснат некои разлики во среќата.
Сопствениците на куче на пример, бараат утеха од својот миленик кога се под стрес, си играат со него и го сметаат за член на семејството.
Претходните истражувања на оваа тема дале различни резултати. Истражувачкиот центар Pew од Вашингтон 2006 година при своето истражување не открило значајни разлики во среќата помеѓу сопствениците на мачка и куче, додека студијата од 2016 година, исто така, повеќе среќа им доделила на сопствениците на кучиња.
Нивната студија од 2015 година ја поврзува присутноста на мачките во домот со помалку негативни емоции, што не значи дека истовремено се зголемени и позитивните емоции.