Според астрологијата, многу карактеристики се определени од нашиот хороскопски знак, па и нашиот љубовен живот, пишува Cosmopolitan.
Овен
Нема да се плаши да ви ги открие и најбезобразните желби и фантазии. Единствениот проблем со нив е што сакаат брзо да преминат на главното, па предиграта е кратка. Најчесто, сè се одигрува многу брзо.
Бик
За разлика од Овенот, Бикот сака да ужива во сексот. Совршен начин за загревање им е романтична вечера и добра музика во позадина. По загревањето подгответе се за долга предигра, бидејќи Бикот сака да му угодува на партнерот. Ако сте романтични, Бикот е совршен за вас.
Близнаци
Ќе ја употребат интелигенцијата и итрината за да ве соблечат. Дури и кога тоа ќе им успее, ќе продолжат да ви ласкаат. Со нив сексот преку телефон е совршен бидејќи сакаат и уживаат во долги разговори.
Рак
Многу се емотивни и не се согласуваат на секс ако немаат силни чувства кон другиот. Сексот за нив мора да биде убав и со страст и се многу нежни во кревет.
Лав
Нивната желба за авантури не може лесно да биде скротена, секогаш наоѓаат нови начини да го задоволат партнерот и тежнеат да останат доминантни во сè, па и во кревет. Нема никогаш да го заборавите сексот со Лав, но немојте да се разочарате кога ќе сфатите дека нему вашето задоволство секогаш му е на второ место, во однос на неговото.
Девица
Срамежливата и воздржана Девица во кревет е многу слободна. Кога станува збор за сексуалните потреби таа нема резервираност. Штом стекне доверба во вас нема да имате ниту момент мир кога станува збор за сексот.
Вага
Вагата е уметник во сексот. Таа сака да биде во совршена хармонија со партнерот, па умее да направи романтична атмосфера за водење љубов. Сака да носи секси долна облека во кревет, масажи со ароматично масло и тивка музика во позадина.
Скорпија
Скорпијата е знак кој не може без секс, а нејзината сексуалност е магнетски привлечна и тешко е да ја игнорирате. Во кревет е совршена, сака да го задоволи партнерот и себеси. Може да ве искористи само за секс и без око да ѝ трепне, да ве остави.
Стрелец
Мајстор е за заведување и ужива во лов на нови жртви. Постојано ја усовршува вештината на заведување и се фокусира на објектот на нејзините сексуални желби, па целосно го освојува. Поседува добри сексуални вештини, сака интензивна предигра.
Јарец
Делува воздржано, но во кревет е страстен љубовник. Многу е трпелив и штом еднаш ве освои во кревет ќе ја почувствувате целосно неговата енергија. Ќе даде сè од себе да ве задоволи.
Водолија
Ако сакате експериментирање во кревет тогаш совршено ќе се вклопите со Водолија, секогаш смислува нови начини за обострано задоволување. Никогаш нема да ви биде досадно со овој знак.
Риби
Слично како и Раковите, и Рибите повеќе ја ценат емоционалната страна на сексот. Љубовта, страста, трпението, сето тоа им е важно. Во сексот се пасивни и сакаат многу внимание од партнерот.
извор:кајгана.мк