Љубов и Секс

Кој е идеалниот број на сексуални партнери кај поединецот?

Кој е идеалниот број на сексуални партнери кај поединецот?

Новата анкета го открила идеалниот број на сексуални партнери кои што една личност треба да ги има, барем според мислењето на испитаниците – 1.000 жени и мажи.

Истражувањето кое што го спровело британскиот сајт за запознавање „IllicitEncounters.com“ вклучувало 1.000 мажи и жени, а се докажало дека 52 отсто од испитаниците смета дека идеалниот број на сексуални партнери е 13.

Според податоците, некои го одбиваат фактот што другата половина од испитаниците имала над 18 сексуални партнери. Очигледно, некои тоа го сметаат како знак дека еден човек може да биде неверен.

Податоците исто така покажале дека 67 отсто од жените лажат за бројот на своите сексуални партнери, во однос на мажите чиј процент е 13.

Тоа би можело да биде така поради тоа што жените се повнимателни во споделувањето на своите интимни подвизи за да изгледаат поконзервативни кон спротивниот пол, пренесува „Daily Star“.

Дури 77 отсто од мажите изјавиле дека би имале сексуален однос со некој кој што на прв поглед ги привлекува, во споредба со жените – 39 отсто.

Поголемиот дел од испитаниците не сакаат да ја знаат сексуалната историја на својот партнер

Интересно е што повеќе мажи (59 отсто), отколку жени (46 отсто), сметаат дека големиот број на сексуалните партнери го прави некој помалку посакуван што сугерира дека секогаш постои социјална стигма во поглед на перцепцијата на промискуитетот меѓу половите.

Според истражувањето само 31 отсто од мажите и жените сакаат да ја знаат сексуалната историја на својот партнер.

Експертката за секс Џесика Леони вели дека голем број од луѓето ги одбиваат новите сексуални партнери затоа што не сакаат „тие да бидат само уште едни во низата“.

„13 партнери е идеален број“

извор: точка.мк

To top