Љубов и Секс

Кој е идеалниот број на сексуални партнери кај мажите и жените кој тие можат да го толерираат?

Кој е идеалниот број на сексуални партнери кај мажите и жените кој тие можат да го толерираат?

Едно истражување утврдило дека мажите и жените имаат слични стандарди во врска со влегувањето во љубовни односи.

Додека сите се внимателни со влегувањето во врска со личност која е невина, исто така ниту мажите ниту жените не сакаат врска со промискуентна личност која била со многу партнери.

Луѓето кои имале многу партнери се сметаат за поголем потенцијал за пренесување на полови болести, но исто така за таа личност се смета дека има лоша навика за изневерување и менување партнери.

Во истражувањето биле вклучени 188 испитаници од кои 104 биле жени.

Мажите се помалку строги кога станува збор за бројот на партнерите кои ги имала жената, особено кога бараат површна романса.

Од друга страна пак, на жените им се одбивни мажите кои имале повеќе од шест партнерки, а мажите ги одбиваат жените кои имале повеќе од 11 партнери.

Идеалниот број на партнери е 3.

Реалноста е нешто поразлична па затоа често не се поклопува со желбите и претензиите на мажите и жените.

Извор: точка.мк

To top