Научниците спровеле истражување и во својата студија дошле до совршен број партнери. Во истражувањето кој е идеалниот број сексуални партнери биле опфатени 1.000 лица кои учествуваа во онлајн анкетата на страницата за запознавање партнер „ “IllicitEncouters“. Прашањето било: колку партнери би сакале да имаат вашите партнери пред вас?
Најголем број одговори биле помеѓу 8 и 12 сексуални партнери – тој одговор го избрале 38 проценти од жените и 37 проценти од мажите. Така, испитаниците од двата пола рекле дека бројот десет е всушност златна средина! Сè што е над бројот 20 е оценето како непривлечно – така велат три проценти од жените и четири проценти од мажите.
Интересно е и истражувањето дека младите денес имаат помалку секс отколку нивните родители. Студијата, спроведена врз 33.000 испитаници, објавена во Архивата на сексуално однесување, користејќи сложени статистички анализи пресметала колку сексуални партнери ќе имаат младите луѓе пред да достигнат средна возраст.
Студијата покажа дека денешната младина ќе има околу осум партнери во просек, додека нивните родители ќе имаат меѓу десет и 11 партнери до крајот на животот, па дури и еден од трите 20-годишници никогаш немал сексуален однос.
– Вие мислите дека тие размислуваат само за секс, но тие се повеќе насочени кон деловниот успех. На 20 годишна возраст тие работат напорно и многу сериозно ги сфаќаат односите и посветеноста кон партнерот – тврди Хелен Фишер, антрополог од универзитетот Ратгерс. Оваа сериозност се сваќа и во нивното разбирање на ризичното однесување.
– Тоа е генерација која порасна знаејќи за ХИВ и СИДА. Кога нивните родители беа на нивна возраст, тие болести не постоеја, а безгрижната љубов беше добра идеја – тврди професорот Кларк Џефри Арнет и додава дека младите луѓе користат кондоми во онаа мерка што нивните родители никогаш не го правеле.
– Не само што имаат помалку сексуални партнери од нивните родители, туку и пијат помалку, пушат помалку, стапката на криминал е половина од пред 20 години и бројот на тинејџерски бремености се намали. Сето тоа е дел од трендот на помалку ризично однесување – посочува Арнет
извор: ММС.МК