Македонската водителка, пејачка, писателка Сузана Турунџиева откако ја посети Атиџе во нејзиното родно место стана добри пријателки.
Така, изминатата година тие ја искористија за заеднички прошетки, дружења, а неодамна ги вкрстија гласовите и снимија две заеднички песни. Прво, тие ја објавија песната „Иста судбина“.
Турунџиева е активна на социјалните мрежи каде често објавува поучни статуси, фотографии од нејзините активности, но се почести се фотографиите и со хероината од „Медена земја“.
Овој пат, Сузе и Атиџе за 1-ви април – „Денот на шега“ се маскираа, односно ставија маска околу очите на лицето, а водителката напиша:
„Први април го одбележавме скромно и опуштено во кругот на поширокото семејство, бидејќи потесното е далеку…“.

Сепак, во домот на Сузана Турунџиева не се славеше само „1ви април“ туку имаше посебен повод за славење.
Имено, мајката на водителката славеше роденден и наполни 80 години. По тој повод, Турунџиева и се обрати со емотивна порака:
„Мојата мајка е таква мајка, што кога зборувам за неа треба да стојам простум… Што би рекла наша Атиџе: Мајката, и цел живот на грб да ја носиш, пак должен ќе и останеш…Среќен 80ти роденден мајко моја, ти благодарам што беше до мене и тогаш, кога околу мене немаше никој… Биди ми тука уште многу долго, напиша Турунџиева покрај фотографијата на која позираат мајка и, помалата ќерка и Атиџе.

Потсетуваме, претходното лето, Сузана во друштво на нејзината мајка и помалата ќерка патуваа низ Македонија посетувајќи разни туристички дестинации.
