Манипулацијата во емотивните врски не е ретка, само важно е навреме да се препознаат таквите намери. Советникот за врски со седиште во Велика Британија, Џејкоб Лукас, ги откри трите најчести лаги што мажите ги кажуваат на жените кога сакаат да им дадат лажна надеж.
Не сум подготвен за врска
Ако се забавувате повеќе од три месеци и тој ви ја каже оваа реченица, тоа е лага.
– Запомнете, ако мажот не е сигурен дали сака да биде со вас по три месеци, тогаш не вреди многу, тоа покажува дека е неодлучен и дека заслужувате подобар партнер – вели Џејкоб.
Неговиот втор совет се однесува на тоа дали зборовите што ги кажува партнерот се во согласност со неговите постапки, односно дали тој зборува едно, а прави друго:
Те сакам
– Кога ќе каже дека ве сака, но сепак не е посветен на вашата врска, оставете го. Тој само ги користи зборовите „те сакам“ за да ви даде лажна надеж – вели експертот.
Не е вистинско време за нас
-Ако некому му посветувате време како да ви е момче, а тој не се однесува така, едноставно ќе ви каже дека не е вистинско време да биде во врска со вас – истакнува Џејкоб Лукас.
Извор: Попара.мк