Ги поддржува вашите одлуки
Вашиот партнер треба најмногу да ве поддржува и поттикнува да истраете во вашите напори.
Додава вредност во вашиот живот
Во никој случај не помислуваме на парична вредност. Вашиот партнер треба да придонесе и да ве инспирира да се развивате, без разлика дали е поамбициозен од вас.
Подготвен е за компромис
Можеби некогаш ќе имате различно мислење за некои работи, затоа проверете дали вашиот партнер е отворен за компромис.
Се однесува добро кон вашето семејство
Ако вашиот партнер не покажува почит кон вашите пријатели и семејство, тогаш ќе имате проблем.
Го почитува вашето мислење
Вашиот партнер можеби нема секогаш да се согласува со вас, но треба да може да ги почитува вашите мислења.
Ви овозможува да бидете тоа што сте
Тешко е да се биде целосно среќен во една врска, кога сте принудени да потиснувате дел од себе. Не би требало да се чувствувате вака доколку сте во среќна врска.
извор: Курир.мк