Љубов и Секс

Кои реченици не треба да ги користите на романтични состаноци?

Кои реченици не треба да ги користите на романтични состаноци?

Сигурно Ви се има случено и Вам – излезени сте со некого, си поминувате одлично, но потоа веќе никогаш не стапувате во контакт со потенцијалниот партнер. Што е најлошо, не знаете каде сте погрешиле.

Прочитајте ги десетте реченици подолу. Ако сте употребиле некоја од нив, тогаш исчезнувањето било оправдано.

  1. Дали градите ти се вистински?

Иако мажите имаат навика визуелно да ги соблекуваат сите жени кои им се привлечни, некои прашања едноставно се преинтимни за да бидат поставени при првата средба. Можеби таа користи пушап градник или дури имала и козметичка интервенција, но првиот состанок не е време за да го дознаете тоа.

  1. Имам прекрасно тело.

Жените не сакаат да слушаат мажи кои се фалат дека поминуваат третина од своите животи во теретана. Таквите мажи се корисни само на календарите. Доколку започнете да расправате за бицепсите, трицепсите и важноста на протеинската исхрана за зголемувањето на мускулното ткиво, бидете сигурни дека се гледате последен пат.

  1. Одам на овој веб-сајт подолго време…

Секако, он-лајн запознавањето луѓе веќе стана интегрален дел од културата, но доколку со години наназад запознавате партнери единствено преку интернет, тоа имплицира дека нешто не е во ред со Вас. Или сакате да излегувате со што е можно повеќе жени или пак имате проблеми со комуникацијата. Во двата случаи, потенцијалниот партнер ќе се исплаши.

Резултат со слика за romantic date

  1. Што очекуваш од врската?

Во ситуации во кои се запознавате со некого треба да го избегнувате ова прашање. Задржете се на полесните работи и стојте колку што можете понастрана од сите поими сврзани со долгорочната заедничка иднина, љубов и сл.

  1. Не сакам брак.

Ова е еден од најпопуларните концепти од двете изминати децении, но без разлика колку е еманципирана жената, колку има напредни сфаќања итн., постојат добри шанси и таа да сонува за свадба. Доколку во самиот старт категорично се поставите против концептот на брак, ги зголемувате шансите таа никогаш да не Ви се јави.

Резултат со слика за romantic date

  1. Ќе ти се јавам.

Не ветувајте дека ќе се јавите само за да бидете љубезни. Ако не се јавите ќе испаднете некултурни. Ако ветите и се јавите, тогаш ќе изгледате по малку очајно. Оставете ги нештата недокажани и дозволете исчекувањето да работи во Ваша полза.

  1. Изгледаш жешко!

Ова можете да си го мислите, но во никој случај не го кажувајте на глас. Наместо тоа, доколку навистина имате потреба да го пофалите физичкиот изглед, искористете посуптилна реченица со која ќе дадете комплимент, како на пример – ми се допаѓа фустанот; или пак – ми се допаѓа како ја носиш косата. Според правилото, доколку се знаете многу кусо време, комплиментите држете ги од вратот нагоре.

  1. Имав вазектомија.

Ова не смеете да го кажете на првиот состанок, дури ни на шега. Ниту една жена не сака стерилен маж, особено оние кои немаат основано семејство.

Резултат со слика за romantic date

  1. Добри пријатели сме со поранешниот партнер.

Самото споменување на поранешен партнер буди негативни чувства кај соговорникот, без разлика дали сте на првиот состанок или не. Потенцијалниот партнер спроти Вас треба да биде фокусот на вниманието, па затоа одбегнувајте ја оваа тема.

  1. Ќе ја поделиме сметката?

Излегувањето е скапа и понекогаш ризична инвестиција. Но, треба да Ви биде јасно дека кога излегувате, треба да сте подготвени да ја платите целата сметка. Другиот речиси без исклучок ќе се понуди во најмала рака да ги подели трошоците, ако не да ја плати и цела сметка, но секогаш бидете подготвени за најлошото можно сценарио.

Резултат со слика за romantic date

To top