Британи Гибонс, писателка и мајка на три деца од Велика Британија, решила да има сексуални односи со својот партнер секој ден, 365 дена по ред, и успеала во тоа.
Таа изјави за goodhousekeeping.com зошто се одлучила на тоа и какви се последиците од таа одлука.
„Набргу по третото пораѓање излегов од кадата и се погледнав во огледало, си помислив: ‘Што прави мајка ми во бањата?’ Од тој момент не сакав да бидам гола. Го исклучував светлото за време на секс, ги покривав стомакот и градите со облека и чекав сопругот да излезе од просторијата за да се пресоблечам“, раскажува Британи.
„Се прашував дали мојот сопруг се сеќава како изгледам гола. Тогаш ми падна на памет да имам секс секоја вечер, и така 365 дена. Дојдов на идеја откако разговарав со пријателка кој го правеше истото, секоја вечер“, продолжи таа.
На почетокот таа идеја ѝ била одбивна, но како што одминувале деновите почнала да се радува на каков било однос.
„Сексот стана повеќе од секс, се разбудија некои чувства. Станавме поромантични, повеќе се допиравме и страсно се бакнувавме секое утро пред да одиме на работа. Нашата врска станува сè посилна и подобра. Повторно уживав во сексот, уживав во моето тело и конечно престанав да ги кријам своите физички недостатоци. Прифатив да изгледам онака како што изгледам. За првпат ми беше поважно сексот да биде добар отколку стомакот да ми изгледа порамно“, откри таа.
„После една година престанав да носам облека кога не треба и се опуштив и отидов гола во тоалет. Односот со мојот сопруг и моето тело се промени неверојатно. Сега, по три години, сè уште имаме секс секоја вечер. Од сето ова и двајцата дознавме колку е важен сексот за да се биде среќен во бракот. Научив да бидам подобра сопруга, подобра мајка и посигурна сум во себе, се чувствувам добро во своја кожа“, ја завршува Британи својата приказна.
извор:кајгана.ком