Љубовните врски и меѓучовечките односи секогаш ќе бидат комплицирани. Никогаш човек не знае кој ќе му го помати разумот и најчесто сме изненадени кога тоа ќе се случи.
Но, постојат неколку генерални правила кои треба да ги следите ако сакате да бидете во здрава и среќна врска. Еве неколку типови мажи кои треба да ги избегнувате
Типот кој не може да го поднесе фактот дека сте подуховити/попаметни/поуспешни од него
Партнерот секогаш треба да се гордее на вашите успеси и постигнувања и треба да ве поттикнува да сјаете. Само мажи кои се несигурни во себе чувствуваат слабост ако жената им парира во секоја смисла.
Типот кој нема никакви амбиции
Прво ви се допаднал затоа што делувал опуштен, но по некое време сфаќате дека неговата опуштеност значи дека сака по цел ден да лежи дома и да излегува одвреме-навреме да се види со другарите и толку. Никакви други желби и соништа. А најлошиот дел е што нема никаква желба да направи чекор напред и да си ги подобри околностите. Да, сите поминуваме низ тешки периоди, но сите имаме и соништа кои нѐ одржуваат.
Типот кој сака да си има и резерви
Ако се гледате со тип кој не сака да го дефинира вашиот однос или да се гледа само со вас, тогаш зошто би сакале да бидете со него? На почеток може да се преправате дека не ви пречи, но длабоко ќе бидете несреќни и ќе се мачите и вие тоа добро го знаете.
Типот кој е дрзок со келнери
Можеби ви звучи чудно, но можете да дознаете многу за луѓето преку тоа како се однесуваат со келнери, шанкери и вработени во ресторани. Ако се однесува дрско со нив без никаква потреба, тука нешто навистина не е во ред со неговиот карактер.
Типот кој изневерил некоја друга девојка за да биде со вас
Можеби има неколку успешни примери, но најчесто врските кои почнуваат такашто едниот изневерил некого со другата личност завршуваат со изневерување. Ако некој немал проблем да ја изневери својата девојка со вас, зошто мислите дека не би ве изневерил и вас?
Типот со кој се гледате само затоа што е слободен
Да, фин е. Да, океј е. Но, вие се гледате со него само затоа што е слободен и достапен. Нема полош избор од тоа да влезете во врска само за да бидете во врска. Осаменоста често нѐ тера кон погрешни патишта. Не го влечете човекот за нос ако не сакате навистина да бидете со него. Не е фер кон него, а и така ќе се повредите себеси.
фото:скопјеинфо.мк