Љубов и Секс

Кога првиот љубовен состанок се претвора во разделба: 3 причини зошто не ве побарал повторно

Кога првиот љубовен состанок се претвора во разделба: 3 причини зошто не ве побарал повторно

Првиот состанок служи за да се процени дали вреди да се подготвуваме за вториот

Сигурно ви се случило барем еднаш во животот да сте биле на љубовен состанок и да отидете дома со надеж дека тоа ќе се повтори. Како и да е, не ја добивате порака веќе трет ден и започнувате да се прашувате каде сте направиле грешка.

Вложуваме многу енергија во првите состаноци и се обидуваме да оставиме што подобар впечаток, а кога напорот не се исплати, може да биде многу болно. Што е тоа што го убедува мажот да оди на прв состанок со девојка, а потоа никогаш повеќе да не и се јави?

Сигурно има неколку причини, и овие три се, според експертите за врски, клучни.

1. Сте му се допаднале во моментот

Кога ве поканил, мислел дека ќе му се допаднете „на долг рок“ и дека вашиот однос може да прерасне во врска. Но, првиот занос многу често знае да биде лажлив…

Секој има право да се премисли, и ова е една од причините зошто нема да одите на друг состанок.

2. Има само физичка привлечност

За мажите, физичката привлечност е сосема доволна за барем да ве сметаат за „добар материјал за врска“, но ако тие бараат нешто повеќе, ако се позрели и имаат повеќе искуство, мора да се случи некоја магија.

Не се лутете на маж кој не сака да оди на друг состанок со вас, бидејќи го привлекувате само физички. И тоа е подобро отколку да се надевате дека сте на прагот на една прекрасна љубовна приказна, а потоа сфаќате дека физичката привлечност е единственото нешто што ве врзува.

3. Било премногу лесно да е освои

Мажите се ловци по природа, и ако стигнат до жена на едноставен начин, обично почнуваат да губат интерес.

Ова, се разбира, не е правило што важи за секој маж, но секогаш постои можност тој да не ве покани на втора средба бидејќи првиот пат не морал да вложи премногу напор и енергија за да ве маѓепса.

извор: попара.мк

To top