Промотер

Кога актер како Жарко Димоски со песна ќе ве повика – „Ајде да наздравиме“ (ВИДЕО)

Кога актер како Жарко Димоски со песна ќе ве повика – „Ајде да наздравиме“ (ВИДЕО)

Актерот Жарко Димоски колку добро глуми, толку добро и пее. Всушност, оние кои гледале некои од неговите театрски настапи и преставите во кои се пее знаат дека тоа е така. Жаре особено се истакна за време на карантинската криза кога „Театар Комедија“ на својата „вонредна“ сцена на репертоар имаша чисто музички онлајн настапи на своите актери, со кои им го разубавуваа и разведруваа секојдневието на граѓаните. Своите вокални квалитети ги покажал и докажал и како член на музичкото трио „Equilibrium“, но и на последниот  фестивал на забавни мелодии „Макфест 2020“ во Штип, каде Жарко за прв пат сериозно застана на естрадната фестивалска сцена.

„Чест ми е да објавам дека конечно ќе се појавам во улога на пејач. Оваа сабота (19 септември) на фестивалот Макфест во Штип за прв пат ќе настапам со песнатта „’Ајде да наздравиме’, за чија мелодија и аранжман се погрижи маестралниот Валентино Скендеровски, а текстот е на мојата маленкост. Се потрудивме да бидеме ведри и позитивни во ова време-невреме. Вие ќе кажете дали сме успеале во тоа“ – напиша тогаш актерот на својот Фејсбук.

Месец и половина подоцна, Жарко наздравува промовирајќи го видеото за своето фестивалско првенче. И одново со свое ое обраќање во вид на порака:

„Приказна за ‘артистите’… Oткако ќе се изгасат камерите и рефлекторите… Kога “sвездите” ќе останат сами пред огледалото со сите нивни радости и таги, кога маските ќе паднат, борбата со себеси, потрагата по музите, поставување на прашањето дали воопшто ова беше тоа или не…Оставам на гледачите сами да одлучат како таа “борба” завршува…“ – напиша актерот во описот на видеото за песната кое е снимено во една од гримиорните и на сцената на скопскиот „Театар Комедија“.

Него го режирале Емил Петро и самиот Жарко Димоски,  видео едитот е на Емил Петро, а во видеоприказната се појавува и моделот Андреа Јосифова.

Како изгледа и звучи кога актерот низ песна ќе ве повика: „Ајде да наздравиме“, проследете во продолжение:

To top