Кофеинот е вазодилататор, што значи дека предизвикува проширување на крвните садови, а потоа дозволува повеќе крв да тече низ нив.
Ова е причината зошто луѓето пијат кафе наутро или во текот на денот, кога чувствуваат дека им треба повеќе енергија. Знаеме дека шолја силно кафе е токму она што ќе ве „освежи“ наутро, но дали знаевте дека може да ви го разбранува и сексуалниот живот? Нов тренд на TikTok ги натера жените да пијат еспресо со надеж за подобар оргазам.
Сексологот Надја Бокоди (34) од Австралија сакала да го проба самата, па јавно го сподели своето искуство.
„Се напив двојно еспресо пред да го вклучам на полна брзина вибраторот. Дозволете ми да објаснам…“, напиша таа во својата објава.
Секс советот од TikTok вели дека ако пиете кафе непосредно пред да имате секс или да мастурбирате, можете да очекувате да уживате во поквалитетен оргазам од најквалитетното пакување органско кафе Арабика.
Трендот кофеински оргазам се појави кога @cupofalexx_official објави видеа на TikTok во кои тврди дека шолја кафе го зголемува вашиот оргазам за 50 проценти. Не долго потоа, други тиктокерки почнаа да објавуваат свои сведоштва за ефикасноста на овој трик.
Теоријата зад кофеинскиот оргазам има неколку аргументи во своја полза.
„Не беше баш еуфоричното искуство што го вети TikTok, но мојот голем оргазам сепак беше поинтензивен од вообичаено“, заклучи Надја Бокоди.
За жал, нема конкретни студии кои покажуваат дека овој ефект се протега до гениталиите. Студијата од 2018 година на стаорци покажала корелација помеѓу внесот на кофеин и сексот, но женските стаорци на кои им бил даден кофеин биле повеќе расположени за секс и доживеале повеќе оргазми од вообичаено.
Гинекологот од Мелбурн, д-р Јозеф Грој ѝ кажа на Надија Бокода дека тоа не е целосно исклучено, иако верува дека користа од кофеинот во сексот веројатно би била мала.
„Интересно е што ефектот на кофеинот на крвните садови варира. Оние во мозокот и белите дробови имаат тенденција да се стеснуваат, додека оние во стомакот се шират. Додајте го тоа на ефектот врз мозокот како стимуланс и може да почувствувате подобрување во вашиот оргазми“, објасни д-р Грој.
Сепак, кофеинот не е замена за правилна предигра во врската со партнерот. Здравата меѓусебна почит ќе ја надмине секоја придобивка што би ја добиле од кафето, додава д-р Грој.
Ако веќе посегнувате по кафе за да се уверите сами, внимавајте: иако не постои ризик поврзан со пиењето кафе пред секс ако сте во добро здравје без постоечка срцева болест или висок крвен притисок, прекумерното консумирање кофеин може да доведе до голем број на непријатни несакани ефекти како што се срцеви палпитации, анксиозност, несоница и дехидрација.
Извор: Кајгана.мк