Андреа Оџаклијевска, наследничката на Маја Оџаклијевска, израсна во вистинска волшебна девојка, која може да им парира на најпознати убавици. Андреа, која честопати ја следеше нејзината мајка во нејзините телевизиски настапи, веднаш ги собра комплиментите на телевизиските гледачи дека изгледа одлично. Ова може да се види и на нејзините социјални профили.
Таа е студентка по туризам и често споделува фотографии од своите патувања, но и со нејзината мајка.
И на нив најдобро се гледа дека таа наследела многу работи од Маја, меѓу другото, широката насмевка што ја красеше познатата поп-пејачка со децении.
Покрај својата ќерка Андреа, Маја ја има и ќерката Теа, која и го доподари внукот Лука пред шест години.
„Жртвував добар дел од мојата кариера да бидам постојано со моите ќерки. Ги носев насекаде, работејќи паралелно, но и избирајќи дестинации за да бидам со нив. Самохраните родители најдобро знаат колку е тешко да се одгледуваат деца без помош на баби, тетки и други роднини. Не велам дека роднините не помагаа, но најголемиот дел од товарот падна врз моите плеќи и тоа е многу тешко. Уште потешко е кога имате две деца. Одговорна е и физички напорна работа, ако сакате да биде сè како што треба“ – рече Маја пред неколку години за српски „Блиц“.
Фото:Инстаграм принтскрин/andrea_odzaklijevska