Радио Милева
животot во 12 епизоди

Ќе се снима „Кафеана на Балканот“, серија за животот на Аца Лукас темелена на автобиографијата „Ова сум јас“: Кија Коцкар ќе ја глуми неговата бивша сопруга Соња? (ФОТО)

Ќе се снима „Кафеана на Балканот“, серија за животот на Аца Лукас темелена на автобиографијата „Ова сум јас“: Кија Коцкар ќе ја глуми неговата бивша сопруга Соња? (ФОТО)
Кија Коцкар и уште две актерки се борат за улогата на поранешната сопруга на Аца Лукас, Соња Вукасановиќ во серијата за животот на пејачот „Кафана на Балкану“.
Продукцијата посакува победничката во првата сезона на реалното шоу „Задруга 1“ да биде во серијата која ќе има 12 епизоди, темелени на автобиографијата на фолкерот – „Ова сум јас“. Лукас ќе биде нараторот, додека неговиот татко ќе го игра славниот актер Мима Караџиќ.
Кастингот ќе се одржи кон средината на август, а Кија ќе биде во трка со уште две актерки. Лукас и сценаристот Вања Булиќ, како и продуцентите, ја сакат Кија за улогата на Соња, со која Аца ја има ќерката Викторија. Тие веруваат дека таа може да го отслика темпераментот и карактерот на Соња, односно верно да игра силна и независна жена, но и најголемата љубов на пејачот.
Коцкар веќе се испроба како актерка и одлично се снајде. Таа глумеше во претставата „Кој ти ја тресе црешичката“, потоа и во студентскиот филм „Лудило во саботата навечер“ како и во серијата „Авионџии“, која ќе се прикажува од есен. Сепак, ниту еден од тие проекти не се очекува да биде толку успешен како серијата што ќе го открие бурниот живот на Аце Лукас, па сите се надеваат дека Кија ќе добие можност да ја игра Соња.
Лукас вели дека е премногу рано да се откриваат сите улоги затоа што сака да ја изненади публиката!
„Ќе има кастинг, па ќе видиме. Мима Караџиќ ќе го глуми татко ми Вуксан, тоа беше моја голема желба и се оствари, а другите актери ги бараме. Постојат многу работи што не ги открив во книгата, не затоа што не сакав, туку затоа што не стигнав. Но, затоа наскоро ќе започне снимањето на серијата, во која луѓето ќе имаат можност да видат сè за мојот живот“ – изјави Лукас.
Фото: Инстаграм принтскрин/aleksandar_vuksanovic_off…/kijakockar/sf__fashion__style

Останати вести од Радио Милева