Годината која изминува, а и се бројат уште само неколку дена, за пејачката Тамара Тодевска веќе е сублимирана со она што се случи и донесе искуства, убави, па и не така розови моменти.
Сепак, таа во едно е сигурна, она што дефинитивно мора да го промени во својот живот е со стартот на Новата Година да направи чистка од своето опкружување.
Нејзнината стратегија за ваков радикален чекор е едноставна и ефективна.
View this post on Instagram
-Во 2022 ќе оставам некои луѓе. Не се квалификуваа за 2023, гласи објавата на Тамара која се пронајде во овој статус и го сподели на својот профил.
Од мисла до реализација во реалноста со потег од кој емиминацијата завршува заедно со годината, а во 2023-та со нова енергија, или пак стара само прочистена за подобар флуид.
Неодамна Тамара јавно сподели дека се разделува со сопругот и се досега не се случи промена по тоа прашање, односно помирување и друга шанса, па дали со овој став мислеше на чистка во која го вклучува Александар или пак некои други личности во нејзиниот живот кои не заслужиле, знае најдобро самата.
View this post on Instagram
Инаку, кога е почетокот на Нова Година во прашање, пејачката ќе ја дочека работно и ќе има свој настап во еден познат скопски бар каде ќе им направи музички мерак на присутните.