Синот на фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, Вељко, уште еднаш покажа колку е заљубен во својата свршеница Богдана Родиќ.
Тој преку социјалните мрежи и упати емотивна порака, која на некои им беше чудна.
-Не сакам ниедна друга освен мојата Нинет и ако не ми дозволите да ја оженам, ќе морам да убијам некои луѓе, пишува во пораката, односно мислата на Салваторе Тото Рина, а на истата ја означи и Богдана.
Дали нешто ново им се случува на приватен план, засега е непознато или пак Вељко само има силен наплив на емоции кои вака ги искажува.
Инаку, Богдана веќе извесен период живее во вилата на Ражнатовиќ, заедно со идната свекрва Цеца.

Откако го пречекори нивниот прак, Богдана веднаш го помени и презимето на социјалните мрежи, иако се уште не е официјално венчана.
За свадбата изјавуваа дека ќе се случи кога ќе каже невестата.