Кога станува збор за македонските музички уметници во последните неколку години може да видиме како полека снимаат и се пласираат на срспскиот, но и бугарскиот пазар.
Од друга страна, многу македонски кандидати се пријавуваат во „Ѕвездите на Гранд“ каде оставаат добар впечаток и со желба да остварат подобар пласман.
Македонската фолкерка Сузана Гавазова веќе подолго време живее во Шведска. Таа често доаѓа во Македонија, а освен времето за одмори го користи и за музички ангажмани и нови музички проекти.
Сузана има нова песна и тоа на српски јазик. За „Вечер“, фолкерката истакна дека наскоро започнува турнеја и промоција на новата на песната по српските телевизии.
Автор на текстот на таа песна е многу познатиот Драган Брајовиќ-Браја, а автор на музиката е Денија Ликс. Песната е феноменална, јас сум презадоволна, особено што текстот е од работилницата на еден од најдобрите српски текстописци, па нема утка, вели Гавазова за „Вечер“.
Кога станува збор за текстовите на Браја, кој има напишано многу хитови за најпопуларните пејачки меѓу кои Марија Шерифовиќ, Драгана Мирковиќ, сигурно напишал и одлична песна за нашата Сузана.
А дали токму новата песна ќе придонесе Сузи да се најде во конкурентска трка со Сека Алексиќ, Дара Бубамара, Рада Манојловиќ или некоја друга српска пејачка допрва ќе видиме.