Водителот Иван Ивановиќ вчера го прослави вториот роденден на својата помала ќерка Лола, па иако ретко објавува фотографии кои го илустрираат неговиот приватен живот, овој пат направи исклучок и ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм.
„Денес го славиме вториот роденден на мојата втора принцеза, со среќа Лола“, напиша Ивановиќ покрај фотографијата на девојченцето кое љубопитно ја гледаше и се насладуваше од роденденската торта.
Под објавата на популарниот водител се редеа честитки, а никој не пропушти да каже дека малата Лола неодоливо потсетува на тато Иван, кој веќе неколку години е во хармонична врска со Ања Петровиќ.
фото:Инстаграм принтскрин/Иван Ивановиќ