Ако не сте сигурни дали треба да употребите одреден производ на своите интимни делови, не го правете тоа додека не поразговарате со гинеколог.
Но, доколку сакате да испробате природни лубриканти, некои гинеколози сметаат дека слободно може да ги користите овие врвни производи.
Кокосово масло
„Ова масло е омилено кај многу жени“, вели д-р Алиса Двек.
На некои жени им се допаѓа бидејќи има добар вкус и убаво мириса. Исто така е прилично едноставно за користење, со оглед на тоа дека е цврсто на собна температура, а течно кога ќе се загрее во вагината.
„Само имајте на ум дека кокосовото масло може да го наруши интегритетот на кондомите од латекс, па затоа поголема е веројатноста дека ќе пукнат“, советува д-р Џенифер Видер.
Чиста алое вера
„Алое верата е ‘добар избор’ за лубрикант, сè додека станува збор за 100% чиста алое вера“, вели д-р Видер, додавајќи дека некои алое вера содржат вештачки состојки кои можат да ја иритираат вагината.
Исто така е сигурна за користење со кондом и обично е многу нежна на кожата.
„Меѓутоа, некои луѓе се чувствителни на алое, па затоа нема да штети тестирање на мала површина на кожата, за да видите дали ќе има некаква реакција“, вели д-р Двек.
Извор: Попара