Ако се наоѓате во токсична врска, знајте дека нездравите ставови продираат не само во личниот однос туку и во сексуалниот живот.
Исто така, сексот може да ви укаже на тоа дека нешто во вашата врска не е во ред. Ова се 6-те видови на секс на кои не треба да се согласувате:
Секс кога не сте расположени
Во една здрава врска можете да го одбиете партнерот и да се чувствувате потполно пријатно со него. И тој сфаќа дека одбивањето не се однесува лично на него и не се обидува да ве притиска, присили, приговара или да прави споредба со своите претходни односи.
Ако не сте расположени за секс, не правете го тоа. Побарајте личност која ве сака повеќе од вашето тело и нема да ве остави само затоа што не сте биле расположени за секс.
Секс кој не ви носи задоволство
Ако само еден партнер во врската добива задоволство од сексот, тоа значи дека нешто не е во ред. Никој од вас не треба да ја жртвува својата удобност или задоволство поради другиот.
Таквите жртви не секогаш се под присилба – често личноста се игнорира себеси и своите потреби и желби. Важно е во односот да создадете простор за искрен и отворен разговор за сè што ве мачи, вклучувајќи ги и проблемите во сексот.
Секс во кој не покажувате емоции
Почитувањето и слушањето на преференциите на вашиот партнер е подеднакво важно како и неговите граници. Ако не прифаќате никаква сексуална пракса, без разлика дали се работи за врзување со лисици или анален секс, никој нема право да ве присили на тоа.
Секс кој ве повредува
Во секој случај, ако во текот на сексуалниот однос почувствувате болка, не се присилувајте себеси да продолжите и не се обвинувајте што сте го разочарале својот партнер.
На крајот, секогаш имате прилика да му пружите задоволство на друг начин освен пенетрација. Ако сте со вистинската личност, тој попрво ќе престане отколку да ве повреди.
Секс со партнер кој ве критикува
Не практикувајте сексуален однос во текот на кој се срамите од вашето тело – не станува збор за вашите комплекси туку за непријатните коментари на партнерот за вашиот изглед. Човек кој ја критикува вашата тежина, големината на градите или другите карактеристики не заслужува да ве гледа голи.
Сексот предизвикува многу емоции, а помеѓу нив не смее да се наоѓа срамот. Дури и ако сè уште не сте научиле да го сакате своето тело, тоа не значи дека е вредно да дозволите другите да не го почитуваат.
Секс во кој се чувствувате физички несигурно
Ако сакате партнерот да користи кондом, тогаш тој треба да користи кондом без премногу молби и убедувања од ваша страна. Кога станува збор за здравјето, аргументот како “непријатно ми е” изгледа смешен, а безбедниот секс е единствениот секс кој треба да го имате.
извор:кармин/точка.ком.мк