Каролина Гочева и нејзиниот сопруг Михаил, како и секоја година откако се заедно, така и оваа, решија да патуваат не некоја атрактивна летна дестинација, овој пат тоа беше во Италија, односно во Апулија или делот познат и како „петата на апенинската чизма“.
Нашата пејачка не е од оние што сакаат постојано да бидат во фокус со детали од приватнста, па од неа изненадување за следбениците на социјалните мрежи е кога ќе сподели нешто од нејзиното секојдневие.
Романтичниот одмор во Италија со сопругот се случил во месец јули, како што напиша во описот на фотографиите и видеата, но таа сега реши да ги објави и означи дека ова е само првиот дел.
View this post on Instagram
На првата каде носи летен макси фустан, во преден план е длабокото деколте кое не е баш во нејзин стил, но Каролина изгледа доста сексапилно и женствено.
Останатиот дел се видеа од нивните летни авантуристички истражувања во областа, а што следно ќе покаже, останува да видиме…
фото:Инстаграм/Каролина Гочева