Секоја сезона од годината носи своја посебна убавина…
Крајот на есента, доаѓањето на Нова Година, почетокот на зимата, за сите нас е еден период на адаптација, подготовка за постудените месеци и почесто консумирање на убавините кои ни ги нуди природата, особено оние на нашата Македонија.
Пејачката Каролина Гочева поради пандемијата од коронавирусот, како и многумина оваа 2020 година остана на домашна територија потетувајќи ги убавините на нашата земја.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/eve-kade-karolina-gocheva-se-rekreira-za-vreme-na-pandemijata-pejachkata-bez-shminka-a-i-koga-e-sama-vo-priroda-nosi-maska-foto/
Таа често од Скопје патува во родната Битола кај своите родители, сестра си и внуките, а овој пат направи една тура од Битола до Преспа заедно со мама Светлана и една пријателка.
Таа преку неколку фотографии кои ги овековечи на Инстаграм го покажа убавото Преспанско езеро за кое сите се надеваме и чекаме негово заживување.
Овој период езерето е ретко посетено, а Каролина и убавото друштво дошле до убава идеја за полнење на патериите со позитивна енергија од природата.
Нека ова биде идеја и за Вас да посетите место во Македонија на кое можеби не сте биле или не е актуелно овој период од годината.