Промотер

Каролин – харизматичната Македонка од Виена ја промовира нејзината прва македонска песна – „Зора“ (ВИДЕО)

Каролин – харизматичната Македонка од Виена ја промовира нејзината прва македонска песна – „Зора“ (ВИДЕО)

Харизматична и нежна, но истовремено енергично-дива, синоока убавица. Русокосата Каролин Велковски е 26 годишна пејачка, која е  родена и живее во Виена, а е по потекло од Охрид и Прилеп.

Со нејзиното момче кое е фудбалер и нејзините настапи насекаде низ Авсртија и Македонија и да сака не може да живее на едно место. Така, градови што за неа биле „втор дом“ се и Скопје, Мадрид и Пула, а во моментов живее на релација Австрија, Чешка и Македонија.

Каролин е инаку по професија правничка која има завршено два факултета, економија – отсек маркетинг и право, а долго време работела во една адвокатска канцеларија. Музиката и танцот отсекогаш и биле неостварена желба. Пошироката јавност ја запозна по учеството во најпознатотото и најпопуларно регионално музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде настапуваше во сезоната 2021\22 и стигна до третиот круг.

„Зора“ е нејзината втора песна, прва на македонски јазик. Песната е во поп-ориентал стил, летна и певлива  со модерен ритам и впечатлив рефрен кој влегува во уво, асоцира на рано утро, сонце, уживање, љубов, лето. Како автори се јавуваат Дони Балкан и Сандра Лукиќ, а текстот е дело на самата Каролин.

Спотот го изработи и реализира режисерскиот тим на Урбан Рекордс и беше промовирана на Јутуб каналот на Урбан Рекордс. Снимањето се одвиваше во аеро клуб во Куманово.

„Наидовме на малку потешкотии при снимањето поради временските услови, каде дождот и секојдневните врнежи тогаш не ни дозволуваа да ја доловиме летната енергија во спотот“ -ни изјави
пејачката.


Каролин инвестира многу во својот изглед и градењето на стилот. Преку танцот се обидува да го истакни и стајлингот. Од нејзините досегашни модни изданија можеме да заклучиме дека се работи за доста внимателно одбрана гардероба со впечатливи и сценски парчиња.

Младата пејачка најавува настап на еден од нашите реномирани музички фестивали, а до крајот на годината се планирани уште две нови песни на македонски јазик, многу поголемо присуство со јавни настапи на македонската музичка сцена.

Како звучи и изгледа нејзината „Зора“ , проследете од видеото во продолжение: