Радио Милева внимавала на секој детаљ

Карлеуша како божица – oганизираше гламурозна вечера за роденденот на ќеркитe, од Душко ни трага ни глас (фото+ видео)

Карлеуша како божица –  oганизираше гламурозна вечера за роденденот на ќеркитe, од Душко ни трага ни глас (фото+ видео)

Пејачката Јелена Карлеуша деновиве престојува во Виена со ќерките Атина и Ника Тошиќ каде ги прославија 14-тиот и 13-тиот роденден.

Како и изминатите години, Јелена се труди во секоја смисла да им угоди на своите наследнички и засекогаш да го памети тој посебен ден.

Пејачката овој пат ги однесе ќерките во Виена каде ги изнесе на гламурозна вечера, а на Инстаграм откри како сето тоа изгледало.

Белиот долг фустан кој го облече во таа прилика беше токму таков, имаше пердуви на рабовите, едното рамо беше голо, а нејзините атрибути беа дискретно исцртани.

Фустанот на Карлеуша чини околу 1.000 евра, а светлата боја ја „скрши“ со златни сандали кои чинат 795 евра, како и златна чанта која чини околу 250 евра.

Јелена со својот стајлинг многумина ги потсети на грчките божици, а такви коментари имаше и под објавата.

„Божица“, „Ти си божествена“, „Совршено ти одговара“, „Жено, убава си“, „Ти си вистинска дама“, се само дел од пораките кои Карлеуша ги добила под фотографиите.

Додека Јелена избра бела нијанса на фустан, Атина и Ника го прославија својот 14-ти и 13-ти роденден во вистинска тинејџерска модерна црна комбинација.

Инаку, многумина на социјалните мрежи коментираат дека пораснале во вистински убавици, но и дека неверојатно личат на својата мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Освен нив, на вечерата беа и тетката на Јелена, Данијела и долгогодишниот пријател на пејачката Зоран Битрашевиќ.

 

Фото:Принтскрин/Инстаграм/karleusastar

To top