Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и Анѓела Танасковиќ која со изведбата на „Видовдан“ предизвика многу емоции во бекстејџ.
Меѓутоа, членовите на жирито не беа задоволни од нејзината интерпретација, посебно Јелена Карлеуша која пред камерите упати тешки зборови на кандидатката.
„Девојката е музикална,но го погреши изборот на песни. Таа е талентирана,но не е искусна“ коментираше жирито.
„Толку неточно. Беше една Џејла која со таков глас направи хаос. Вие ги копирате кандидатите. Ти си убава девојка и музикална“ изјави Босанац.
Карлеуша имаше жестоки коментари за младата учесничка во „Ѕвездите на Гранд“.
„Ти си како теле во шарена врата. Ти си едно „му“. Ти никогаш нема да успееш во ова професија“. викаше Јелена.
За тоа време, поддршката на Анѓела не престана да плаче во бекстејџ, а жирито ја испрати дома велејќи дека е талентирана, но неискусна.
https://www.youtube.com/watch?v=OL2MgtNxcbY