Радио Милева

Карлеуша и Соња Вуксановиќ му работат зад грб на Аца Лукас

Карлеуша и Соња Вуксановиќ му работат зад грб на Аца Лукас

Аца Лукас и Соња Вуксановиќ, како што на сите им е познато, имаа доста бурен развод и не се штедеа на навреди кои ги изнесуваа во јавноста.

Сепак, изгледа дека колешката на Лукас и најдобра другарка, Јелена Карлеуша, во овој љубовен распад не избра страна, туку се дружи и соработува и со двајцата.

Соња од неодамна има свој бизнис со сопствен бутик, а Карлеуша купува кај неа.

На својот Инстаграм Јелена објави фотографија на која носи капут од кај Соња и се пофали со него.

Веројатно на Лукас нема да му биде проблем што неговата другарка соработува со жената која го обвини за семејно насилство.

To top