Кристина Киа Коcкар и Јелена Карлеуша се смирија. Фолк дивата одлучи да ги „закопа военаите секири“ заради мајката на Киа.
Коцкар конечно искрено призна што го мисли за Карлеуша откако двете жестоко се препукуваа преку социјалните мрежи, а нивните „валкани“ преписки завршија на порталите.
„Никогаш не мислев ништо лошо, без врска се препукувавме … Бев културна, постојано велев дека тоа е само шоубизнис. Имаше една работа што многу ми пречеше, но сега нема да зборувам за тоа. Било, па поминало. На Карлеуша и се случи трагедија во случајот со мајка и, па јас не продолжив повеќе да полемизирам со неа. Потоа видов дека на Инстаграм Јелена ми ја лајкнала нејзината песна што јас ја изведував. Јас на настапите пејам дури четири нејзини песни“ – изјави Киа за српски „Гламур“.