Познатите не излегуваат од своите луксузни вили за време на карантинот, но многумина од нив во своите домови имаат базен, теретана, огромни дворови, па така сигурно не им е досадно.
Драгана Мирковиќ
Во најголем луксуз ужива пејачката Драгана Мирковиќ која се наоѓа во изолација во својот дворец во Ебенфурт во Австралија каде што живее со сопругот Тони, децата Марко и Мануела. Пејачката таму може да ужива во својот луксуз кој се проценува на 50 милиони евра.
Горан Бреговиќ
Горан често е на турнеии, па ретко поминува време во својата вила на Дедиње која вреди 3,6 милони долари. Меѓутоа, ова не е единствена куќа која ја Бреговиќ ја поседува. Иако тој моментално не настапува, дел од парите ги заработува со издавање на останатите имоти.
Цеца Ражнатовиќ
Цеца се раздели од своите и сама седи во вилата на Дедиње која вреди 2.5 милион долари. Куќта е на неколку ката, така да таа има голем избор каде ќе го помине времето.
Лепа Брена
Лепа Брена неколку пати се огласи за време на изолацијата од нејзината куќа која вреди 1,8 милиони долари, а во домот има огромнен двор со зеленило, а исто така има и базен.
Ацо Пејковиќ
Ацо ја реновираше својата куќа на Бежаниска коса која вреди 750 000 милиои евра. Пејачот деновите во карантин ги поминува во луксуз за кој отсекогаш сонувал, а како што вели водел грижа за секој детаљ.
Здравко Чолиќ
Здравко Чолиќ се наоѓа во карантин во својата куќа во близина на Кошутњак каде живее со сопругата и ќерките. Како што пишуваа медиумите неговиот дом вреди 850 000 евра, но со текот на годините цената на вилата порасна и сега изнесува 1 200 000 евра.