Канје Вест се ожени со архитектката Бјанка Ценсори само два месеци откако беше финализиран неговиот развод со Ким Кардашијан. Изгледа дека раперот се венчал со Бјанка на приватна церемонија, а парот бил забележан како носи бурми, пишува Дејли мејл. Сепак, се чини дека нивниот брак не е целосно легитимен бидејќи парот не поднел барање за извод од брак. Не е ни познато колку се забавувал парот со оглед на тоа што Канје „до вчера“ беше со друга девојка, извесна Јулијана Нала.
Минатиот месец Канје ја почести „ сопругата“ со нова песна, а во текстот откри дека биле во целибат пред да се венчаат:
„И Библијата вели, не можам да имам секс до бракот“.
Во песната се најде и неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан на овој начин: „Не можам повеќе да го правам ова, знам дека сето тоа е поради насловот, затоа што таа сака да си замине…“ Во понеделникот Канје е виден во ресторан како јаде со својата нова „сопруга“ Бјанка.
Новите фотографии покажуваат како Бјанка ја обоила својата долга црна коса во платинесто руса. Па, изгледа дека новата сопруга многу сака да го копира изгледот на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан. Па, лесно можете да ја видите неверојатната сличност помеѓу поранешната сопруга на Канје и сегашната сопруга.
Фото:Принтскрин/Профимедиа/TMZ