Холивудската актерка Камерон Дијаз ја доби својата ќерка на 47-годишна возраст со долгогодишниот избраник Бенџи Маден, а целата бременост ја криеше од јавноста.
Таа ги потврди убавите вести за приновата на својот Инстаграм.
– Среќна Нова Година од Маден! Толку сме среќни, благодарни и благословени на почетокот на новата деценија – ја добивме нашата ќерка Редикс Маден. Веднаш ги освои нашите срца и го исполни нашето семејство. Додека сме возбудени да го споделиме ова со вас, исто така бараме да имате разбирање за приватноста на нашето малечко. Затоа нема да објавуваме слики и да споделуваме повеќе детали, освен фактот дека таа е многу, многу симпатична “, напиша Камерон Дијаз.