Радио Милева
„Цвеќто на цвеќе стои“

Калиопи сподели бесценет спомен со сега својот покоен татко: „Сфаќам колку ми беше неоправдан срамот тогаш“ (видео)

Калиопи сподели бесценет спомен со сега својот покоен татко: „Сфаќам колку ми беше неоправдан срамот тогаш“ (видео)

По повод празникот Св.Пантелејмон, македонската дива Калиопи сподели бесеценет спомен со покоен татко Панта, име за кое неговата ужалена ќерка вели дека ретко кој го знаел и го викал така, бидејќи за повеќето тој бил Панди.

Денес Панди го нема, но тука се спомените на него, особено еден бесценет.

Станува збор за видо снимка од концерт во Скопје на хрватската пејачка Тереза Кесовија, снимен од МТВ пред цели 20 години.

Калиони била токму таму во Универзална сала заедно со својот татко кој бил голем фан на Тереза.

Во спомен на татка си таа раскажа анегдота токму од тој ден на концертот, а целото тоа го оживеа и преку видео за кое напиша:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

-Денеска е Свети Пантелејмон, именден на татко ми… Бидејќи сите го викаа Панди, ретко кој знаеше дека неговото вистинско име е Панта. Не е тајна, тато беше голем обожавател на легендарната Тереза Кесовија , ја обожаваше со целото свое битие, со голема љубов кон уметникот…
Во 2003 година Тереза имаше концерт во Скопје, во Универзална сала.Тато и јас во првиот ред. Во еден момент тој исчезна, мислев отиде во тоалет. По неколку минути се врати со букет цвеќе кое веројатно го оставил во кола, за да и го даде по концертот… Но, понесен од нејзината емоција, во еден момент само го видов на сцена со букет и ми беше многу незгодно. “Ај, што правиш таму тато???”
Денес сум пресреќна што постои ова видео, што @mtv1.promo го овековечи овој концерт, затоа што сега сфаќам колку ми беше неоправдан срамот тогаш и колку сум горда и среќна што имав таков господин и шармер за татко… Тато веќе го нема, но би бил исклучително горд на неговата врсничка , која сеуште жари и пали со својата уметност, глас и емоција… Токму како што тој тогаш кажа: “Цвеќето на цвеќе стои. А љубовта е сеуште жива кај неа…”
Респект, драга моја Тереза Кесовија.

За потсетување, таткото на Калиопи почина минатата година во месец јуни на 83 годишна возраст.

фото:Инстаграм принтскрин/Калиопи

Останати вести од Радио Милева