Македонската поп дива Калиопи Букле беше гостинка во една од епизодите на српскиот серијал „Исповед“ и го откри нејзиниот сегашен однос кон музиката и колегите.
Кога музиката е во прашање таа потврди дека до ден денес останала доследна на нејзиниот стил и вкус.
Пејачката на самиот почеток потенцираше дека живееме во време во кое имаме можност да слушнеме сѐ, а дека сето тоа постои со причина:
– Денес излегува дека поп музика е тоа што е популарно и што ги полни арените, а живееме во време во кое имаме можност да слушнеме сe, па каков ни е животот таква ни е и музиката.
Калиопи искрено кажа дека денес секој може да ги наполни арените и големите сали бидејќи сега музиката е многу покомерцијална отколку што била.
А зборуваше и за тоа како успеала да остане верна на својот стил но и дека одбила да снима дуети со колегите.
– Останав верена на мојот музички правец затоа што сакам да правам музика според мојот сензибилитет. Не „купувам“ нови трендови и жанрови кои се популарни, но очигледно има такви луѓе, всушност младите, кои ги слушаат. Секој денес може да наполни арена, тоа стана нормално, а порано беше вистинска реткост – кажа пејачката и додаде зошто избегнува да снима дуети со колегите:
– Не сакам да снимам дуети, некако тоа не е мој стил. Имаше понуди од колеги, ги одбив сите, не затоа што го кревам носот, туку затоа што не се гледам себеси во тоа.
Инаку, пејачката неодамна го откажа концерт во Белград бидејќи жена која дошла да ја слуша ненадејно уште на почетокот починала откако и се слошило.
Пејачката изрази сочувство до семејството и најави дека купените билети за овој спектакл ќе важат и за новиот термин кој допрва треба да се закаже.
Како изгледаше Калиопи и што уште кажа во својата „исповед“, погледнете во видеото во продолжение:
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Калиопи/Јутјуб-Исповест