Лице в Лице

Калиопи: „Јас сум многу блиска со сегашната сопруга на Ромео Грил, па не само што се дружиме, туку таа има клуч од мојот стан“ (ВИДЕО)

Калиопи: „Јас сум многу блиска со сегашната сопруга на Ромео Грил, па не само што се дружиме, туку таа има клуч од мојот стан“ (ВИДЕО)

Македонската поп дива Калиопи Букле и  српскиот пејач Жељко Самарџиќ по белградската, во Скопје ја имаа и македонската промоција на нивната дуетска песна „Знам“, во аудиобарот „Аудиокултура“ во скопската населба Тафталиџе. Убаво беше да се види толкав број новинари, соработници и пријатели на Калиопи кои дојдоа на пресот и промоцијата.

Песната „Знам“ ја напиша бившиот сопруг на Калиопи, Ромео Грил, со кој таа остана во супер односи и по разводот, па тоа веројатно беше и една од причините што самиот тој допатува на промоциите од Шваујцарија, каде живее. Калиопи со голема љубов зборува за Ромео, за нивната соработка и за синот Пако кој го имаат со бившиот сопруг.

„Јас и Ромео сме многу блиски, и тоа не е тајна. Се немавме видено три години, иако сме постојано во контакт. Ние сме цивилизирани луѓе и сме во одлични односи. Јас сум многу блиска со неговата сегашна сопруга, па не само што се дружиме, туку таа има клуч од мојот стан“ – раскажа Калиопи.

Таа зборуваше синот Пако, кој им е најголема поддршка и кој е горд на своите родители. Тој и денес живее со татко му, па неслучајно Калиопи вели дека има две мајки. За тоа како е да се соработува со бившиот маж, за загубата на својот татко за кој вели: „Кога тој замина како да ја зема со него и малата Опи“, поп-дивата со емоции зборува во интервјуто.

За соработката со Жељко, пак, вели: „Немам дуети, на прсти се бројат. Јас ова не го правам за маркетинг или затоа што е добро за популарноста, секогаш го правам кога знам дека е нешто што е добро и исполнето“. Поп-дивата најави концерт и турнеја низ Македонија како и нова песна.

Интревјуто гледајте го во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

To top