Македонската поп – ѕвезда Калиопи Букле на снимање на една емисија во Белград, во интервју за српските медиуми откри како ја доживуваат и како реагираат белграѓани кога ќе ја сретнат на улица:
„Природно, многу спонтано. Луѓето ми се обраќаат како на своја. Како да се познаваме и да сме стари познаници и тоа е она што најмногу ме импресионира“.
Таа надополнила дека кога е во Белград нејзината дружба со Жељко Самарџиќ е неминовна:
„Пред се, тој ми е пријател и се познававме уште пред да го снимаме дуетот. Поминуваме заедничко време секогаш кога е тоа можно. Некако сме поврзани како семејство, јас со Самарџиќ, а тој со мене.
Но, она што остави најголем впечаток е дека таа за нејзиниот син Пако потврдува дека е нејзиниот најголем критичар:
„Пако е еден од главните критичари, некој кој е многу важен за мене и за неговиот татко во таа улога, затоа што иако одлучи да не се занимава со музика, многу добро умее да ја слушне“.
А како како најважна работа во родителството Калиопи го издвои следново:
„Не постојат совршени родители, туку постои само една совршена работа, а тоа е љубовта. Љубовта што се обидуваме да им ја дадеме на нашите деца и да ги научиме да ги сакаат луѓето“.
Нејзиниот син живее заедно со татко му Ромео Грил во Швајцарија и ако еднаш таа изјави дека не сака да го коментираат во изјавите, овој пат таа направи исклучок.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Курир ТВ/Инстаграм