Битола ги има најубавите девојки велат… Битолчанки, најдотерани, настокмени, најсредени кога ќе излезат дапрошетаат по Широк Сокак, очите да ти се наполнат од убавина. леЛегендарната улица, или пешачка зона, денес е срцето на градот на конзулите низ кое парадираат битолските убавици покрај низата од безброј кафулиња додека со погледи ги следат и меркаат од глава до петици „влажните машки погледи“, изнудувајќи им воздишки…
Токму на ова локација се сретнаа па се впуштија во ноќна проетка две дами познати македонски дами… Две уметнички легенди кои Македонија ја задолжиле со она што зад себе го оствариле, оставиле и се’ уште го правата… И во музиката и во театарот.
Едната родена битолчана, другата по потекло од Кичево, обете со скопски адреси на живеење. Двете бисер грла, гласишта, вокали за медал, итерпретаторки какви се раѓаат еднаш во сто години…
Олгица Христовска и Калиопи Букле двете врвни, вонсериски македонски музички ѕвезди и повеќе од тоа. Олгица и актерка, Калиопи и автор и над сето тоа, двете одлични пријателки.
И додека месечината таа вечер на Широк Сокак „тивко, полека заоѓаше“ зад облаците и одново се појавуваше да блесне и осветли небото над хоризонтот, двете ѕвезди блескаа во муабетот при својата битолска средба.
Ѕвездите можеби секогаш немаш прилика, не можеш да ги видиш, но тие сепак, секогаш се тука околу тебе… Така е и со вистинските пријатели. Или како што и самата Калиопи напишала покрај фотографијата со која ја овековечила нивната средба:
„Битола ноќе со мојата Олгица… Луѓето секогаш доаѓаат во нашиот живот поради некоја причина, но од нив засекогаш остануваат само оние, кои доаѓаат со вистинската причина и кои ја кажуваат дури и најсуровата искреност, за која ризикуваат да ве изгубат… Јас таквите ги нарекувам ријатели … пардон – семејство“!
И навистина во изминативе повеќе од три децении колку што трае нивната дружба, двете македонски ѕвезди се’ повеќе од пријателки, речиси семејство, иако не се… Ама како да се! Како сонце и месечина!
Затоа и во таа битолска ноќ, нивната средба, дружба и прошетка по „месечина под ова небо што ги покрива“, беше толку пријатна и емотивна… Се’ додека двете „тивко, полека, не зајдоа“ во ноќта од муабети, насмевки и добро расположение, за уште поубави спомени!