Радио Милева како најубава песна...

Калиопи евоцираше сеќавања, па ги спои емоциите и вештината, ама не во песна… туку во нешто, што подеднакво силно ќе ве допре (ВИДЕО)

Калиопи евоцираше сеќавања, па ги спои емоциите и вештината, ама не во песна… туку во нешто, што подеднакво силно ќе ве допре (ВИДЕО)

Пејачката Калиопи Букле на својот профил на Инстаграм објави емотивно видео на кое таа се снимаше заедно со својот татко. Овој пат пејачката се најде во необична улога, во која ги евоцираше спомените од деттвото, ги спои емоциите и вештината, како да пишува една од нејзините најубави песни, а сепак не компонираше, туку правеше нешто сосема друго… Нешто за неа сосема невообичаено, а сепак нешто, што подеднакво ги допре сите кои го доживеале истото чувство, ја почувствувале истата емоција, се нашле во иста или слична ситуација, која во детството им останала длабоко врежана во сеќавањата.

Имено, македонската поп дива го покажа својот татко, но тоа го стори на мошне необичен начин. Калиопи сподели видео на кое покажа како се грижи за здравјето и хигиената на својот родител кој е во поодмината возраст, бричејќи ја неговата подникната брада. Како вистински бербер, професионалец кој со години го прави тоа,  таа со секој потег на бричот од себе искалуваше парче сеќавање, зрно емоција, сеќавајќи се на моментите од детството, во годините кога улогите беа малку поинакви.

Клиопи сето тоа го овековечи со кусо видео кое го сподели на својот Инстаграм профил, во чиј опис всади „парче душа“ од себе и својата младост, преточувајќи една наизглед сосем обична ситуација во емотивна приказна:

„Кога бев мало девојче, најмногу сакав да гледам како татко ми се бричи … Веројатно заради неговите вешти и елегантни движења… Тој секогаш ќе ја искористеше мојата концентрација и фасцинација за да ми стави од пената за бричење на носот во неочекуван момент за мене! Целата среќна и насмеана, ќе истрчав кај братот и сестрата на мајка ми за да си поиграм малку кловн … И сега, после толку години, улогите се сменија … И можеби ова е многу помило и поубаво за мене… Еден од моите најомилени моменти во изолација … Бричење на брадата на тато … И јас се усовршив … Како да пишувам една од моите најубави песни“ – напиша македонската поп дива во пораката која ја сподели заедно со видеото кое ја врати во деновите на детството.

To top