Ако се будите сред ноќ вознемирени и препотени и сте сонувале лудачки секс сон кој вклучува некој тотално неочекуван, без грижи – не сте единствени.
Соновите со секс се многу чести и доколку се позамарате со толкувањето можеби и ќе извадите заклучок од нив.
Накратко за суштината на соништата:
Најверојатно е да сонувате штом ќе навлезете во РЕМ фазата, односно фаза на брзо движење на очите (REM – Rapid Eye Movement), кога мозокот е најстимулиран и креативен.
„Излегува дека нашиот цуклусен сон трае околу 90 минути, а РЕМ фазата опфаќа најголем процент од тој циклус, зависно колку подолго спиеме. Тоа објснува зошто обично ги памтиме соништата само што ќе се пробудиме, што е всушност за време на подолгата РЕМ фаза“, објаснува докторот, Роберт Глатер.
Секс соништата главно се манифестација на желбите и потребите во нашата потсвест, што не мора да значи дека се поврзани со секс.
„Сонувањето е пресликување на нашите желби, грижи, текот на потсвесното – суштински, огледало на нашите чувства во сегашноста“, вели Глатер.
Тие се рефлексија на она што ви недостасува во животот, вели Лаури Л. Квин, професионален аналитичар на соништа и автор на книгата: „Сонувајте: отклучете ги вашите соништа, променете го вашиот живот“ (Dream on it: Unlock your dreams, change your life).
Токму затоа, тоа што сте сонувале секс со некој не значи дека буквално сакате да имате секс со таа личност, туку дека можеби сакате нешто од него, или таа личност поседува квалитети кои ве воодушевуваат.
Секс со колега
Доколку имате соништа кои вклучуваат секс со колега, не мора да значи дека потајно сакате да имате секс со него во реалноста. Но, би можело да значи дека сакате да поседувате некои од неговите најдобри особини.
„Можеби таа личност воопшто не ве привлекува, сепак има некои квалитети кои би сакале да ги поседувате во реалноста. Запрашајте се себеси што ја истакнува оваа личност од другите. Дали можеби тој колега успева да изврши најголема продажба? Колегата од техничка поддршка? Или можеби е омиленик на шефот?“ вели Квин.
Секс со шефот
Ако се возбудувате на вашиот претпоставен, можно е да барате моќ и доминација во реалноста. „Запаметете: соновите со секс најчесто не се поврзани со личноста, туку со тоа што таа личност претставува, како на пример моќ, авторитет, менаџерски способности, способност за донесување одлуки итн.“ вели Квин.
Секс со славна личност
Сонувавте жежок секс на плажа со Том Харди? Тоа значи дека се обидувате да се поврзете со некои аспекти од неговите фимови за да го подобрите животот. Помислете што прво ви доаѓа на ум кога ќе се спомне оваа јавна личност. Можеби е филмот? Ако е така, дали насловот или сценариото на фимот потсеќаат на вашиот живот моментално?
Секс со непознат
„Овој тип на соништа го нарекувам сон со мистериозниот љубовник, и е еден од најчесто сонуваните од сите секс соништа. Многу од нас се прашуваат дали можеби ваков тип на сон е најава за нашата сродна душа која не чека таму некаде.“ вели Квин.
Ама, жал ни е што ќе ве разочараме, но не е вашата сродна душа. Сепак, личноста „без лице“ која се појавува во ваквите соништа си има свое значење.
„Мистериозниот љубовник во нашите соништа е олицетворение на квалитетите со кои се поистевотуваме со тој пол, зависно кој пол ве привлекува во реалноста.“ вели Квин.
Доколку имате секс со непознат маж, на пример, тоа значи дека се обидувате да канализирате повеќе стереотипни „маженствени“ особини, како доминантност, амбиција или агресивност.
Секс со поранешниот/та
Иако поминале години по раскинувањето, сепак вашиот поранешен партнер може да се појави во вашите соништа. Но немојте ова да го гледате како знак да го фатите првиот авион и да летнете до него. Најчестото значење за ваков тип на сон е потребата да ја разгледате и зачините возбудата во сопствениот интимен живот, објаснува Квин.
Можеби го сонувате поранешниот кој ви го скршил срцето? Тоа е дефинитивно знак колку сте заглавени емоционално и не си дозволувате себеси да продолжите понатака со животот. Вакви соништа се чиста индикација дека не сте излечени од таа врска, и во овој случај ваквиот сон ќе продолжи да се повторува се додека не се ослободите од минатото.
извор: нетпрес