Колку повеќе водите љубов, толку ќе бидете поздрави, а во зависност од бројот на денови во неделата кои ги поминувате со жешки игри во кревет, ќе имате помалку или повеќе здравствени придобивки.
Веќе нашироко е познато дека сексот лекува, а психолозите ќе ви кажат дека сексот е исклучително добар за здравјето, но колкава корист ќе добиете од него зависи исклучиво од вас.
Погледнете како сексот влијае на вас според тоа колку пати неделно имате секс.
Еднаш во седум дена
Сексот еднаш неделно позитивно ќе влијае на одржување на вашата линија. Водењето љубов го поттикнува лачењето на окситоцинот, хормонот на љубовта, кој освен што ја поттикнува блискоста меѓу партнерите, придонесува и за помирен и поквалитетен сон – вели д-р Хелен Фишер, антрополог од Универзитетот Рутгерс. Повеќе сон – помала тежина, бидејќи сонот го регулира лачењето на хормоните грелин и лептин, кои се одговорни за чувството на глад.
Двапати неделно
Луѓето кои уживаат во сексот најмалку двапати неделно имаат 30 отсто повисоки нивоа на имуноглобулин, кој му помага на телото да се одбрани од болести, покажа американското истражување. Ако имате редовен секс, имунитетот ви е посилен, па помали се шансите да „фатите“ инфекција.
Трипати неделно
Сексот го зголемува пулсот и ја забрзува циркулацијата на крвта. Луѓето кои уживаат во сексот најмалку трипати неделно имаат половина од ризикот од срцев удар од оние кои немаат толку среќа, покажа студијата на научниците од Универзитетот во Бристол.
Четирипати неделно
Сексот четирипати неделно ќе направи чуда за вашиот тен. Ако често сте „зафатени“ во спалната соба, ќе останете подолго помлади. За време на сексот се зголемува производството на колаген, што го спречува појавувањето на брчки и пеги на кожата – велат лекарите од Кралската болница во Единбург, кои спровеле истражување на оваа тема. Квалитетниот сексуален живот придонесува за блескав тен и сјајна коса, бидејќи за време на сексот се забрзува циркулацијата. Како резултат на тоа, кожата добива повеќе кислород и изгледа посвежо. Исто така, забрзаната циркулација го стимулира ослободувањето на токсините и прави усните да изгледаат пополни.
Петпати неделно
Редовните сексуални односи го подигнуваат општото ниво на енергија, нѐ прават пооптимистични и креативни (на сите полиња, не само во кревет). Освен тоа, вашата врска со партнерот ќе биде поквалитетна – вели д-р Фишер.
Шестпати неделно
Сексот нѐ прави попаметни. Подобрата циркулација значи дека мозокот работи подобро, а кога доживуваме оргазам, доживуваме „експлозија“ на хормони, од кои многу влијаат на нашата интелектуална моќ на најпозитивен можен начин.
Седумпати неделно
Ако успеете да го направите ова, секој дел, значи дека не дозволувате „фактори кои попречуваат“ како што е стресот на работа да ве спречат да уживате во животот. Редовниот секс го намалува нивото на стрес и ги ублажува анксиозните пореметувања кои се толку чести во денешно време, покажале истражувањата, а објаснувањето за тоа веројатно лежи во зголеменото лачење на ендорфин што го предизвикува водењето љубов.
извор: кајгана